Откријте ги водопадите на Беласица на велосипед

Прва велосипедска патека Водопадите на Беласица во македонскиот дел на планината

Bear Population

Постетете ја првата велосипедска маршута на Беласица и откијте го најголемиот водопад во Македонија.

Земете госвојот велосипед и тргнете повелосипедската патека Водопадите на Беласица. Ќесе претопите во атмосферата на Беласица и ќе си тргнете исполнети со љубов кон таа чудна планина и нејзината природа.

Маршутата започнува покрај еден од најдобро зачуваните археолошки објекти од Римско време на Балканскиот полуостров – Римските терми кај село Банско.

Земете момент и восхитувајте се на прекрасните  дела на древните градители на почетокот на патувањето.

Велосипедската патека ќе ве однесе до највисокиот водопад во цела Македонија – Смоларскиот водопад  со пад на водата од 39 метри. И на вашиот пат до него, ќе поминете покрај прекрасниот Колешински  водопад ,  Габровските водопади скриени во длабоката планинска долина и ладните  Мокрински извори. Информативни табли ќе ви кажат повеќе за планината и за нејзината природа.

Целата должина на велосипедската рута од с. Банско до подножјето на Смоларскиот водопад е 20 километри. Трасата поминува главно по шумски патишта без големи стрмнини и е соодветна  за средно подготвени велосипедисти.

Велосипедската  рута "Водопадите на Беласица" е изграден во рамките на проектот "Беласица - планината на активните луѓе", кој се спроведува заеднички од Планинарско еколошкото друштво Еделвајс - гр. Струмица и Клуб за екстремни спортови и планинарство '' Бела Екстрим "- гр. Петрич и е кофинансиран од Европската унија преку Програмата Интерег-ИПА за прекугранична соработка Бугарија-Македонија.

asda asda