Активен викенд во Беласица собра повеќе од 200 учесници.

Bear Population

Минатиот викенд (7 и 8 октомври 2017 година) се одржа првато  меѓународно натпреварување во планинско трчање Belasitsa Sky Run. И покрај неповолните временски услови, речиси 100 храбри луѓе се приклучија на натпреварот  на двете траси од трката. Двата старта на натпреварот се одржаа во с.Смолари, Македонија и с.Камена, Бугарија, а финишот беше за сите во г. Петрич.  Покрај лошите временски услови, натпреварувачите  на долгата патека мораа да се справат со предизвикувачки пат од 81,4 км и вкупно искачување од 4100 метри. На натпреварот учествуваа голем број од најдобрите планински тркачи во Бугарија и Македонија. Победниците на првото издание на Беласица Скај  Ран кај  мажите станаа Мартин Маринов и Константин Атанасов, а кај жените  Марија Николова - најдобриот атлетичар во планинскиот ултрамаратон во Бугарија.  На кратката  патека, Александар Спасов победи кај  мажите и Елена Димитрова кај жените. Настанот можеше да се гледа во живо на финишот  во Петрич, каде што се одржа филмска вечер посветена на планинското трчање. Доцна вечерта во сабота се одржа и церемонијата за доделување на наградите на победниците, а последните учесници пристигнаа некаде пред полноќ.

Во недела активниот викенд во Беласица продолжи со уште една трка – Брзо  искачување  на врвот  Конгур,  каде покрајтркачи се вклучија и велосипедисти.  Натпреварувачите се искачија на 1750 метри до врвот, каде што се сретнаа со првите снежни врнежи за оваа сезона во планините. И покрај тешките услови, спортистите, тркачите и велосипедистите постигнаа импресивни резултати.  Слави Асенов беше прв меѓу тркачите со време од 1 час и 32 минути, а победник кај жените беше Кристина Иванова. Кај  велосипедистите,  Александар Алексиев успеа да помине 24 километри за неверојатни 1:49 минути. Еднакво импресивен беше и првата  кај  жените Ивета Алексеева, кој стигна до врвот на Конгур за 2 часа и 7 минути.

Честитки за храброста и доброто претставување на сите учесници во Belasitsa Sky Run и Брзото искачување на вр. Конгур. Ќе ве очекуваме и следната година да се забавуваме и повторно да се предизвикаме  во прекрасната природа на Беласица.

Belasitsa Sky Run и Брзото  искачување на вр. Конгур се организираат во рамките на проектот "Беласица – планина на активните луѓе", кој се спроведува заеднички од Планинарско еколошкото  друштво Еделвајс - гр. Струмица и Клуб за екстремни спортови и планинарство '' Бела Екстрим " - гр. Петрич и е кофинансиран од Европската унија преку Програмата Интерег-ИПА за прекугранична соработка Бугарија-Македонија.

asda asda asda asda