Од крајот на јуни 2017 година, Belasitsa Sky Run и Belasitsa Sky Run Short се сертифицирани од страна на Меѓународната асоцијација за планинско трчање (ITRA). Информации за натпреварувањето сега може да се најде на веб-страницата на Асоцијацијата.
По оценката на двете трки беше утврдено дека Belasitsa Sky Run носи 4 ITRA бодови, Belasitsa Sky Run Short - 2 ITRA бодови. Овие бодови може да се искористат за да се квалификуваат за највисоката планинска патека во светот - Ultra Trail du Mont –Blanc , како и да учествуваат на стотици други трки. Секој учесник кој ќе ја заврши трката на Беласица ќе добие поединечни бодови во зависност од постигнувањето.
Организаторите на " Belasitsa Sky Run " за екстремни спортови и планинарскиот клуб "Бела екстрим" –г. Петрич и Планинарско еколошко друштво Еделвајс – г. Струмица ветуваат дека ќе се стремат да го организират натпреварувањето, така да ја оправдаат довербата на Меѓународната асоцијација за планинско трчање и очекувањата на учесниците.Секој кој сака да се регистрира и да учествуваможе да го стори тоа на веб-страницата на настанот.