Природата на Беласица е чудна и разновидна, а сте се запрашале ли зошто е така?
Заради специфичната географска поставеност на планината. Таа се наоѓа не само на границата меѓу култури, туку и меѓу границата на различни климатски појаси. Тука топлиот и влажен медитерански воздух се се меша со поладната и и понекогаш сурова континентална клима. Радомир, највисокиот врв на планината се издига на повеќеод 2000 метра надморска височина, а падините и завршуват ниско во долините на Струма и Струмешница. Така во подножјето на планината веќе може да е лето, додека високите предели сеуште да се покриени со снег. И се разбира, местата со различни климатски услови се дом за различни растенија и животни. Еве уште една причина заради која биолошката разновидност на планината е толку богата.
За време на студената војна строгиот граничен режим и непропуштувањето на луѓето во пошироката погранична област допринело до зачувување на природата на планината. Сето тоа допринело за големото природно богатство на Беласица денес.
Можеби најпознатото растение , кое се среќава на планината е обичниот костен (Castanea Sativa). По падините на Беласица, таму каде топлата клима доминира над студената и почвите се богати, се наоѓаат најголемите костенови шуми на целиот Балкански полуостров. Тие шуми не се само дом на многубројни растенија и животни.Со своите разновидни додатоци, костенот станал дел од животот на месното население. Само високите растенијана територијата на планината се повеќе од 1400 различни видови ! Тоа е 1/3 од сите растенија кои се среќават во Бугарија и околу 40% од растенијата кои се среќаваат во Македонија.
Животинскиот свет на планината исто така е исклучително богат и разновиден. Тука можете да ги сретнете од најмалите до најголемите претставници на животинското царство. Само дневните пепепрутки, кои живеат на реонот на планината во двете држави се повеќе од 150 вида, кое е 70% од сите видови кои живеат во Бугарија. Ако ја споредиме Беласица со Британските острови ќе се види дека тука има три пати повеќе видови дневни пеперутки отколку во Обединетото Кралство.
На планината живеат повеќе од 150 различни видови птици. Едни од најинтересните се клукајдрвците. Присуството на овие птици, особено на ретки видови како белогрбиот и црниот клукајдрвец, е показател за зачуваната дива природа. Во Беласица се среќаваат 9 различни видови клукајдрвци. А колку видови мислете дека живеат низ цела Европа ? – 10 ! Оваа е уште ден показател за вредноста на Беласичките шуми.
Покрај источните падини на Беласица, во Бугарија, поминува важен миграциски пат за птиците грабливки. Тој прелетен пат се нарекува Виа Аристотелис и оди покрај долината на реката Струма.
Признание за богатата природа на Беласица е достапноста на различни категории заштитени локации и територии во Бугарија. Во 2007 година е создаден Природен парк Беласица, дополнително во планината се наоѓат, резерватот Конгура, заштитени локации Бабите и Топлиште, целиот бугарски дел од планината е дел од општоевропската мрежа на заштитени зони Натура 2000, Беласица е и основен регион за пеперутките во Бугарија.
Во Република Македонија има само една мало по размери природно обележје Смоларски водопад, но како и во бугарскиот дел од планината тука биолошката и пејсажната разновидност е исклучително богата.